Загадување на воздухот во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Утрово Скопје повторно меѓу десетте најзагадени во светот

Главниот град Скопје и ова утро е меѓу најзагадените градови во светот. До 8 часот индексот на загаденост изнесуваше 178, покажаа податоците на веб-страницата на „Ај-кју ер“. До 9 часот индексот на загаденост се намали на 173, но Скопје и покрај ова остана меѓу првите 10 најзагадени во светот.

Како што покажаа податоците на оваа веб-страна, Скопје е единствен град во Европа на ова рангирање.

Фото Ај-кју Ер

Според „Ај-кју Ер“ утринава до 8 часот беа измерени 178,2 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички, и е дури 21,6 пати над дозволените граници.

Синоќа беше соопштено дека престанува да важи одлуката за бесплатен јавен градски превоз која времено беше донесена како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот, информираа од ЈСП.

Од утре веќе нема бесплатен превоз во Скопје, загадувањето се намалило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот