Маврово под снег и со подмрзнат пат/Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Во Берово изутрина во 7:30 часот се измерени -5 степени, -4 во Битола, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, -2 во Прилеп, Штип, Куманово, Велес, Гевгелија, Демир Капија, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци. Нула степени се измерени во Охрид и Претор, два во Виница, три во Дојран и Маврови Анови, четири во Крушево и пет степени на Попова Шапка.

Како што информира УХМР, снежна покривка од 14 сантиметри има во Маврови Анови, а на Попова Шапка еден сантиметар.

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено. Утрово по одделни котлини, особено во регионот на Повардарието, има магла со намалена хоризонтална видливост и до 50 метри.

Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.

Во Скопје магливо и тивко, преку денот маглата ќе слабее. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот