Утре времен режим на сообраќај на улицата Александар Урдаревски

Фото: Град Скопје

Утре ќе се асфалтира улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, па поради изведување на градежните активности кои што ќе се одвиваат во периодот од 9 до 17 ќе биде воведен времен режим на сообраќај, односно сообраќајот ќе се пренасочи  преку скопската обиколница, за што ќе биде поставена соодветна сигнализација.

Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ ќе се асфалтира коловозната површина на улицата Александар Урдаревски во насока од крстосницата со улица Боца Иванова до улица Нов Живот, односно од првата улица за влез во гробишта„Бутел”, потег кој завршува до улицата Нов Живот, во рамки на границите на ГУП согласно одобрениот сообраќаен проект.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот