Посебен сообраќаен режим во Скопје / Фото: МВР

Утре посебен сообраќаен режим на Водно

Поради утрешната атлетска трка од 10 часот, МВР најави воведување на посебен режим на сообраќајот од Средно Водно до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон.

-Поради одржувањето на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим на сообраќај. Возилата ќе бидат пренасочувани по алтернативни патеки за да се овозможи непречено одвивање на трката- информираат од МВР.

Петто издание на трката „Водно 10К“ утре во Скопје

Трката е на 10 километри, а нејзината траса ќе води од Средно Водно, по регионалниот пат Р2138, до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и назад.

Од Министерството апелираа до сите учесници во сообраќајот да ги следат упатствата на полициските службеници на терен и да ги почитуваат времените забрани и пренасочувања за безбедноста на атлетичарите и останатите учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот