Трка 10К Водно Фото: Атлетскиот клуб „Фортиус“

Петто издание на трката „Водно 10К“ утре во Скопје

За натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а после завршување на настанот по обратен редослед.

Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје утре го организира петтото издание на трката „Водно 10К” на која ќе учествуваат 500 натпреварувачи.

Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 6до 13 часот.

За натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а после завршување на настанот по обратен редослед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот