ССМ протест / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Утре работниците ќе протестираат за поголеми плати

Протестот ќе почне во 12 часот и 5 минути пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието, па пред Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

Сите патишта утре ќе водат кон Скопје, рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, кој ги повика работниците од целата држава да се приклучат на протест за повисоки плати и подобар работнички стандард. Големиот работнички протест, како што рече, почнува во 12 часот и 5 минути пред зградата на ССМ, а барањата остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.

– Работниците немаат потреба да се плашат затоа што не му должат никому ништо. Газдите и Владата пред само еден ден покажаа дека се против работниците затоа што странските газди ѝ дале поддршка на Владата за незголемување на минималната плата, а македонската Влада на штета на македонските работници им ветила на странските газди дека нема да ја зголемува минималната плата надвор од законското усогласување за 1.667 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница во овие 24 месеци е зголемена за повеќе од 10 илјади. Барањето за зголемување на минималната плата за 200 евра е оправдано затоа што работниците во Македонија тонат во сиромаштија. Според податоците на Управата за јавни приходи 160 илјади работници имаат плата под 31.200 денари или се под прагот на сиромаштија – изјави Трендафилов.

Протестот и овој пат ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието, па пред Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот