Утре без струја дел од скопските општини

Електроенетргетска мрежа / Фото: Архива на СП

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода и Сопиште.

Во периодот од 08.00 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улица „Радишанска” во близина на река Серава, улиците „46″, „48″, „50″, „52″ и околината, патот за село Љубанци и околината на игралиштето Радишани во општина Бутел.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09.00 до 14.00 часот ќе имаат корисниците од дел од улиците „20″ и „22″ во село Волково, општина Ѓорче Петров, а во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од малите броеви на подулиците од „1″ до „30″ на дел од улицата „Тодор Чангов” во населба Лисиче во општина Аеродром.

Без струја во периодот од 09.00 до 11.30 часот корисниците од дел од улица „Марко Цепенко” во општина Кисела Вода, во периодот од 09.30 до 13.30 часот корисниците од дел од село Патишка Река и викендиците во Патишка Река и фирмата ПЦЦ Хидро ДООЕЛ Скопје во општина Сопиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот