Уште еден позитивен на корона во Ренова

фото: фејсбук

Бројот на заболени од коронавирусот во прволигашот Ренова се зголеми за уште едно лице и сега бројката на позитивни изнесува пет.

Фудбалерите, стручниот штаб и членовите на управата на двата тетовски прволигаши, Шкендија и Ренова викендов беа тестирани на ковид-19, а вчерашните резултати покажаа дека во двете екипи има шест позитивни.

Двајца се заболени во Шкендија, а четворица во Ренова, додека од Синдикатот на фудбалери на Македонија порачаа дека не мора да значи дека сите позитивни се фудбалери.

Денеска бројката на заболени во Ренова се зголеми за уште едно лице и сега таа изнесува вкупно пет позитивни на коронавирус.

„Гипсарите“ уште вчера откако беше објавено дека имаат позитивни на коронавирус со соопштение објавија дека здравјето во овие моменти е најважно и дека не ги интересира фудбалот и завршувањето на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот