Усман Дембеле/фото: EPA/Alessio Marini

Уште еден доказ дека Дембеле е најголем кандидат за „Златната топка“

Ако поразот од Челси во финалето на Светското клупско првенство фрли сомнеж кај некои, Европскиот Суперкуп реши сè – Усман Дембеле е најголемиот кандидат за освојување на „Златната топка“.

На пет минути пред крајот на натпреварот, сите го гледаа ПСЖ како совладан од Тотенхем во Европскиот Суперкуп, но во финишот францускиот клуб успеа да израмни се врати со головите на резервните играчи Канг-Ин Ли и Гонзалез Рамос.

Иако не постигна гол, Усман Дембеле беше прогласен за играч на натпреварот, бидејќи повторно беше најопасен на теренот, а во судиското продолжение мајсторски му асистираше на Рамос за 2:2 и го одведе мечот во пенал серијата.

Дембеле прецизно го реализираше својот удар од 11 метри и го турна својот тим кон нов трофеј оваа сезона.

ПСЖ и Дембеле оваа година ги освоија и Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција и сега Европскиот Суперкуп.

Дембеле постигна 35 гола и запиша 16 асистенции во 53 натпревари минатата сезона, а на тоа додаде и МВП партија против Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот