УС Опен: Ѓоковиќ лесно до третото коло, изненадувачки елиминации на Циципас и Руд

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Со само шест изгубени гема Новак Ѓоковиќ го помина Запата Мираљес, додека елиминиран беше Стефанос Циципас од Швајцарецот Штрикер и тоа во меч кој траеше повеќе од четири часа. Елиминација доживеа и Каспер Руд со поразот од Кинезот Жанг.

Ѓоковиќ немаше проблеми, првиот сет му дозволи на Мираљес да освои четири гема (6:4), а во другите два по еден (6:1, 6:1). Противник во третото коло на УС Опен на Ѓоковиќ ќе му биде неговиот сонародник Ласло Ѓере кој со 3:0 го совлада Французинот Гастон.

Циципас изненадувачки беше елиминиран од 128. тенисер во светот, Доминик Штрикер. Мечота се играше во дури пет сета.

Петтиот носител Каспер Руд исто така во пет сета загуби од Кинезот Жанг кој на АТП листата е рангиран како 67. тенисер во светот.

Турнирот го заврши и Доминик Тим кој го предаде мечот против Шелтон, а со 3:0 беше поразен Фучовиќ од Хиџиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот