Уругвај со Луис Суарез и Кавани на Светското првенство во Катар

Луис Суарез и Единсон Кавани ќе го предводат Уругвај на Мундијалот/фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Селекторот на фудбалската репрезентација на Уругвај, Диего Алонсо го соопшти списокот од 26 играчи за претстојното Светско првенство во Катар.

Уругвајците на Мундијалот се наоѓаат во групата „Х“ со селекциите на Португалија, Гана и Јужна Кореја.

Првиот меч ќе го имаат на 24 ноември во Ал Рајан против репрезентацијата на Јужна Кореја која ќе биде предводена од првата ѕвезда, играчот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин.

Голмани: Серхио Рочет (Насионал), Фернандо Муслера (Галатасарај), Себастијан Соса (Индепендиенте).

Одбрана: Роналд Араухо (Барселона), Диего Годин (Велез), Хозе Марија Хименез (Атлетико Мадрид), Матиас Виња (Рома), Матиас Оливера (Наполи), Себастијан Коатес (Спортинг Лисабон), Хозе Луис Родригез (Насионал), Мартин Касерес (ЛА Галакси), Гиљермо Варела (Фламенго).

Среден ред: Лукас Тореира (Галатасарај), Џорџијан Де Араскаета (Фламенго), Родриго Бентанкур (Тотенхем), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Матиас Весино (Лацио), Николас де ла Круз (Ривер Плата), Агустин Канобио (Атлетико Паранаенсе), Факундо Пелистри (Манчестер јунајтед), Мануел Угарте (Спортинг Лисабон), Факундо Торес (Орландо).

Напад: Дарвин Нуњез (Ливерпул), Луис Суарез (Насионал), Единсон Кавани (Валенсија), Максимилијано Гомез (Трабзон).

Роналдо ги предводи Португалците во Катар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот