Сон ја израдува Јужна Кореја: Играчот на Тотенхем е подготвен за Мундијалот
Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин објави дека ќе игра за репрезентацијата на Јужна Кореја на Светското првенство во Катар.
Препорачано
Во изминатиот период заработи фрактура на јаболчната коска на натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпик од Марсеј, беше опериран и брзо успеа да се опорави.
– Сакав да издвојам момент да ви се заблагодарам за пораките за поддршка што ги добив во текот на изминатата недела. Ги прочитав сите и искрено сум им благодарен на секој од нив. Вашите зборови ми дадоа сила да го пребродам овој тежок период. Учеството на Светското првенство со својата земја е остварување на сонот за секое дете кое сака да игра фудбал. Тоа беше мојот сон цел живот. Нема да го пропуштам Светското првенство во Катар. Едвај чекам да ја претставам мојата прекрасна земја, се гледаме наскоро – напиша Сон на својот Инстаграм профил.
Сон го имаше своето деби за селекцијата на Јужна Кореја во 2010 година. Оттогаш, тој постигна 35 гола на 104 натпревари.
На Мундијалот оваа азиска репрезентација ќе игра во групата „Х“ со Португалија, Гана и Уругвај.


