Роналдо ги предводи Португалците во Катар

Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Познат е составот и на португалската репрезентација за Мундијалот во Катар, како и што се очекува Португалија е предводена од својата прва ѕвезда Кристијано Роналдо.

Светското првенство во Катар ќе биде петто за напаѓачот на Манчестер Јунајтед. Покрај Роналдо во нападот на Португалците е уште и Жоао Феликс кој не игра во најдобра форма во Атлетико кој во последно време се мачи со резултатите.

Во составот на Португалците нема некои посебни изненадувања и тука се сите што се очекуваше да бидат. Напаѓачот на Ливерпул Диого Жота како е што познато отпадна поради повреда. Проблеми со повреда имаше и Рубен Невеш, но тој сепак ќе биде спремен. Ќе потсетиме, Португалија на Светското првенство во Катар се пласираше откако во финалниот бараж ја победи Македонија на „Драгао“.

СПИСОКОТ НА ПОРТУГАЛИЈА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот