Урнебес на виртуелниот Мастерс во Мадрид: Надал го „повреди“ грбот

Дел од најголемите медиуми како Би-Би-Си и Ројтерс паднаа на „финтата“ .

Во тенискиот свет, вчера главна вест беше дека Рафаел Надал доживеал повреда на грбот. Надал се повредил непосредно пред дуелот од Мастерсот во Мадрид против Денис Шаповалов.

Поради повредата е доведен во прашање и наредниот дуел на Надал, против шпанскиот јутјубер „DjMarilo“ во хуманитарен дуел.


Оваа вест е „сомнителна“ – и така треба да биде бидејќи станува збор за виртуелен турнир во кој тенисерите играат видео игра на плејстејшн. Надал го победи Шаповалов, а потоа следеше пораката на директорот на Мастерсот во Мадрид, Фелицијано Лопес.

Надал имаше проблеми со грбот и мисли дека е повреда. Поради тоа побара дуелот со „DjMarilo“ да се игра наредниот ден. Добивме порака од Рафа пред мечот со Шаповалов дека е повреден, дека не знае за што се работи и дека е загрижен. Ми рече: дозволи ми да играм со Шаповалов, па ќе се обидам да играм и против „DjMarilo“ – изјави Лорес за време на преносот.

И речиси сите медиуми ја прифатија веста како вистинска, од кои најзвучни се Ројтерс и Би-Би-Си.

Навивачите кои ја прочитаа „лажната“ вест на медиумите почнаа да коментираат и да прашуваат колку е сериозна повредата, поради што мораше да реагира Лопес.

– Луѓе, само се шегував. Реков дека Рафа има проблеми со грбот поради играње на плејстејшн. Мислам дека ни е потребен малку хумор во овие времиња – изјави Лопес.

Виртуелниот турнир во Мадрид не беше атрактивен за медиумите и малкумина објавуваа за него, па потегот на Лопес испадна одлична реклама за да привлече внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот