Урмите помагаат во „борбата“ против стареењето

Урмите се многу здрави и вкусни и се јадат насекаде во светот.

Во нивниот состав се концентрирани изобилство витамини и минерали, кои освен тоа што позитивно влијаат врз регенерирањето на виталните органи, помагаат и во „борбата“ против првите знаци на стареењето на кожата.

Доколку и вие се грижите за својот изглед, обрнете внимание на исхраната и се разбира задолжително јадете барем 100 грама урми на ден. Оваа храна во својот состав содржи изобилство на витамини, минерали и растителни влакна.

Покрај тоа, во составот на урмите ги има и витамините Ц и Д, со што ги прават одлично средство во борба против стареењето, бидејќи ја зголемуваат еластичноста на кожата и ја одржуваат кожата мека и мазна.

Урмите треба да ги јадат луѓето што имаат проблеми со кожата и кои имаат сува кожа поради секојдневна изложеност на екстремни временски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот