Урбанистичкиот план пред Уставен суд : Мештаните бараат мораториум за градење во Маврово

дивоградби маврово леуново
Дивоградби во Маврово/ Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Бараме мораториум додека не се среди водоснабдувањето, инфраструктурата, струјата… Ние не сме против тоа да се гради, но треба да се внимава на птиците и на животните. Не знаеме ни колкав е водостојот на езерото, сигурно е низок штом мразот не е стопен три месеци, изјави Верица Илиќ од „Спас за Маврово“.

Граѓанската иницијатива „Спас за Маврово“ поведе иницијатива пред Уставниот суд за оценка на уставноста и законитоста на одлуките за донесување на урбанистичките планови за Маврово, како и за Леуново, Никифорово и Маврови Анови, донесени од Општината Маврово и Ростуше.

– Иницијативата и формално ја поднесов по неформалната средба со иницијативата на граѓаните „Спас за Маврово“, чиј член сум затоа што имам куќа во Леуново. Сметаме дека урбанистичките планови за Маврово, Леуново, Никифорово и Анови се донесени апсолутно надвор од законските процедури по кои треба да се донесени – изјави адвокатот Драган Пешевски за „Слободен печат“.

Верица Илиќ од граѓанската иницијатива „Спас за Маврово“ вели дека тие не се против тоа во Маврово да се гради, зашто Маврово треба да биде туристички центар, но во моментов бараат мораториум за градење и нов урбанистички план.

– Бараме нов урбанистички план за Маврово. Ние не сме против тоа во Маврово да се гради, Маврово треба да биде туристички центар. Меѓутоа, каде се гради? Национален парк е! Треба да се внимава да не се вознемируваат птиците и животните. Веќе немаме езеро, во моментов е 10 сантиметри мраз и не знаеме колкав е водостојот. Сигурно е многу низок штом мразот не е стопен три месеци. Бараме мораториум додека не се среди водоснабдувањето на целиот регион, инфраструктурата, струјата – изјави Илиќ за „Слободен печат“.

Советот на Општина Маврово-Ростуше на 26 февруари 2015 година донел одлука за донесување Урбанистички план за село Маврово, со детална разработка. Според „Спас за Маврово“, станува збор за одлука што е незаконска зашто Маврово е национален парк од 1949 година. Мавровското Поле и шумските предели околу него се заштитени, зашто неговиот правен статус е непроменет, иако одлуката е уште од СФРЈ. Поради ваквиот правен статус, националниот парк ужива посебна заштита утврдена со закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот