Уставниот суд ја укина спорната урбанистичка одлука на Општина Тетово, нема веќе цртање градежни линии „од око“
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која ја укина како неуставна и незаконска спорната Одлука за урбанистичко планирање донесена од Советот на Општина Тетово во јуни 2024 година. Одлуката на Судот следи по иницијатива поднесена пред една година од страна на поранешниот директор на Комисијата за односи со верските заедници, тетовецот Даријан Сотировски. …

