Урава против Манчестер сити за финале на Светското клупско првенство

Фудбалерите на Урава/фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Фудбалерите на Урава се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство откако со 1:0 го совладаа Леон.

Стрелец на победничкиот гол за јапонската екипа беше Алекс Шалк во 78 минута од средбата одиграна во Џеда, Саудиска Арабија.

Мексиканците од 84 минута играа со фудбалер помалку откако втор жолт картон доби Вилијам Тесило.

Урава за пласман во големото финале на 19 декември ќе игра против европскиот првак Манчестер сити.

Еден ден порано бразилскиот Флуминенсе ќе се сретне против победникот од последната четвртфинална пресметка во која се среќаваат Ал Ахли (Египет) и Ал-Итихад (Саудиска Арабија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот