Уништете ги бактериите во организмот со редовно јадење на аронија

Аронијата, претставува грмушка, која расте до два метри во висина. Нејзините плодови се ситни, мали, темносини бобинки, собрани во гроздови од по 10 до 15 бобинки.

Ова овошје, до неодамна не беше популарно на овие простори. Но, поради извонредните лековити својства кои ги поседува, оваа храна го пронајде заслуженото место на трпезите. За оваа лековита бобинка, знаеле дури и древните Индијанци, кои ја користеле за подготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, аронијата е одлична во справувањето со слободните радикали во организамот.

Висока концентрација на витамини и минерали

Плодовите на аронијата се исклучително богати со витамини. Таа содржи витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во плодовите содржиани се и антиоксиданси како што се танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини.

Токму затоа, оваа намирница се препорачува редовно да се јаде, како еден вид на превенција против појавата на малигните заболувања. Освен тоа, аронијата содржи и редок овошен шеќер- сорбитол.

Како се употребува?

Аронијата најчесто се користи свежа, како додаток на најразлични овошни салати но и како задолжитеен додаток во свежо цедените сокови. Сепак, оваа бобинка, можете да ја користите и за подготовка на чаеви, но и како додаток во житарици, за подготовка на слатки пити, како сок, а може да се приготи и како џем. Исто така, оваа храна може да се користи и како сушена но и како замрзната.

Сок од аронија

Аронијата може да се пие како свежо цеден сок, но од неа, можете да подготвите и сокови или компоти за во зима и на тој начин да му ја продолжите трајноста на ова растение. Имено, редовното пиење на сок од ова овошје, без разлика на кај начин сте го подготвиле, ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично, има благопријатно дејство врз тироидната жлезда, го намалува нивото на холестерол во крвта, има диуретичен ефект, а поради високата содржина на витамини, аронијата е идеална билка за зајакнување на имунитетот.

Моќен борец против „тивкиот убиец“

Тивкиот убиец или ракот на дебелото црево е причина за смртност кај голем број на луѓе во изминативе години. Овој тип на рак, се открива многу доцна и токму поради тоа, смртноста кај луѓето кои заболуваат од него е многу голема. Според одредени истражувања, кои се направени во 2013 година, аронијата е една од најдобрите намирници која секој човек треба да ја конзумира за превентивно да влијае против појавата на овој тип на рак. Според резултатите на други научни истражувања, освен аронијата, и останатите овошки кои имаат темна боја, можат многу да помогнат во борбата против оваа смртоносна болест. Затоа, на вашето дневно мени, обидете се постојано да има аронија, боровинки или пак рибизли. Иако според многумина тие имаат непријатен вкус, сепак, кога целта ви е да имате здраво тело и квалитетен живот, тогаш вкусот занемарете го и обидете се да јадете од овие зрнести овошки колку што можете повеќе.

Го чува видот и здравјето на очите

Темните плодови на аронијата, содржат големи количини на каротен кои помагаат да не дојде до оштетување на вашите очи но и во зачувувањето на видот. Покрај тоа, во составот на аронијата има и големи количества на флаваноиди кои пак помагаат во спречувањето на појавата на најразлични инфекции на очите.

Богат извор на растителни влакна

Доколку имате неколку килограми плус, аронијата е растение кое ќе ви помогне да ги намалите. Ова растение доколку се јаде секојдневно, многу ќе ви помогне во спречувањето на појавата на масни наслаги на стомакот. Покрај тоа, аронијата има мала калориска вредност и малку масти во својот состав, а истовремено содржи и многу диетални влакна, што ја прави оваа намирница една од најздравите овошки кои му се достапни на човекот да ги јаде.

Помага во борбата против појава на бактерии

Ако во вашиот начин на исхрана, аронијата е многу често присутна, тогаш, можете да бидете сигурни дека настинката и грипот постојано ќе ве „заобиколуваат“. Покрај тоа, ова растение ќе ви помогне и во борбата против појавата на бактерии во вашиот организам а истовремено ќе ви го зајакне и имунитетот. Доколку пак сакате со аронијата да се обидете да ги излечите воспаленијата во вашето тело или пак одредени вирусни инфекции, тогаш наместо свежа, јадете сушена аронија.

Спречува срцев удар

Бобинките на аронијата се познати по тоа што помагаат во нормализирањето на циркулацијата на крвта, ги јакнат крвните садови а го намалуваат и ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања и спречува срцев удар. Ова овошје, ја спречува и појавата на дијабетес, а позитивно влијае и врз работата на панкреасот и црниот дроб.

Плодовите на аронијата го одржуваат стабилен крвниот притисок, спречуваат појава на хипертензија а помагаат и во варењето на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот