Уништени се 20 тони помфрит на „Дрисла“ – инспекторите спречија увоз на замрзнати компири со поминат рок од Холандија
Агенцијата за храна и ветеринарство заплени и уништи 2.000 килограми небезбеден пилешки стек, освен што уништи и големи количини компири со поминат рок.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба. Компирите, кои се увезувале од Холандија, требало да се продаваат на македонскиот пазар, извести Агенцијата.
Препорачано
Производите имале рок на траење до 23 мај 2025 година, а во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот во депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издадено решение со наредба за нештетно уништување.
Јатки и зачини со 2 години поминат рок – АХВ уништи 37 тони храна
„Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек. Поради непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност,“ соопшти АХВ.
Во рамки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување мерки за заштита на граѓаните од консумирање небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.
Јатки и зачини со 2 години поминат рок – АХВ уништи 37 тони храна


