17 C
Скопје

Уникатно решение за бездомници во Германија: Капсули за спиење со соларно напојување

Германскиот град Улм претстави уникатно решение за сместување на бездомници во текот на зимските месеци – капсули за спиење поставени во паркови и други места за кои градските власти се свесни дека преноќеваат бездомниците.

Градот Улм кој се наоѓа 75 милји од Минхен, капсулите ги нарече „UlmerNest“.

Кабините се направени од дрво и челик и можат да соберат вкупно две лица, кои можат да се заштитат од студ. Капсулите се обезбедени со циркулација на воздух.

Instagram
Instagram

Соларните панели обезбедуваат енергија, а постои и радио мрежа што ќе им овозможи на луѓето комуникација доколку немаат мобилен телефон.

Луѓето кои ќе ги користат кабините ќе можат да ги отворат без да мора да се регистрираат и ќе имаат можност да ги заклучат одвнатре.

Кога ќе се отворат, автоматски се известува социјален работник. На тој начин тој ќе може да ја посети кабината наутро.

Прочитајте и...  Брус Спрингстин доби казна за консумирање алкохол во национален парк

Корисниците ќе можат да останат анонимни, а капсулите ќе ги одржува, чисти и поправа добротворната организација „Karitas Ulm Alb Donau“.

Instagram
Instagram

Видовме некои ефекти од овој проект за кои никогаш не сме сонувале дека може да се случат, како комшии кои наутро ги послужуваат со чај корисниците на кабините. Исто така, градските власти отсекогаш давале голема поддршка на проектот, за што сме многу благодрни“, вели Флоријан, еден од авторите на овој проект.

Тој додаде дека луѓето доаѓаат да се заблагодарат за обезбеденото засолниште и дека тоа навистина им значи многу на луѓето од организацијата.

Поврзани вести

Во подготовка е новиот филм за „Големиот Гетсби“: Овој пат во анимирана верзија

Слободен печат

Овошје и зеленчук богати со калиум, минерал важен за здраво срце

Слободен печат

ВИДЕО | Принцот Хари искрено во шоуто на Џејмс Корден: „Го направив она што секој сопруг и татко би го направил – морав да го одведам семејството оттаму“

Слободен печат

Ивана Хаџиевска, историчарка и истражувач: Какво е значењето на „Македонка“ – првото женско списание во Македонија

Ј.К.Д

Адвокатката на таткото на Бритни Спирс: „Тој е загрижен, ѝ го спаси животот, а луѓето погрешно разбраа сè“

Слободен печат

ВИДЕО | Потресната судбина на малата хероина од „Дара од Јасеновац“: Има само 13 години, станува во 6 часот, храни добиток, а мајка ѝ ги напуштила пред шест години

Слободен печат

Остави Коментар