Унгарски борач прележа коронавирус, па почина откако се врати на тренинг!

фото: принтскрин/youtube

Тот покрај тоа што го победил Ковид-19, донирал и крвна плазма потребна за лекување на други заболени од опасниот вирус.

Нова тажна вест во спортскиот вест, 22-годишниот унгарски борач Бендегуз Тот почина ненадејно на тренинг на отворено во четвртокот.

Веднаш бил пренесен во болница, каде се обиделе да му го спасат животот, но не успеале, информира Унгарската федерација за борење.

Еден час и половина подоцна почина Тот во болницата, а неговиот татко, Јожеф Тот“ за порталот „Блик“ рече:

View this post on Instagram

Nyugodj békében, Bende??

A post shared by Magyar Birkózó Szövetség (@magyarbirkozoszovetseg) on

Бендегуз никогаш не покажал дека има здравствени проблеми што може да му го загрозат животот. Точно, по неговото враќање од Европското првенство во Рим во февруари, беше утврдено дека тој се зарази со коронавирус, но подоцна тестирањата беа негативни, од каде се заклучи дека тој успешно ја прележа оваа болест – се зборовите на неговиот татко.

Покрај тоа што го победил Ковид-19, донирал и крвна плазма потребна за лекување на други заболени од опасниот вирус.

Лекарот на репрезентацијата на Унгарија не сакаше да претпостави што довело до смртта, па јавноста ќе биде информирана за тоа подоцна, по пристигнувањето на резултатите од обдукцијата.

Тој беше повеќекратен освојувач на медали во јуниорска категорија на европските и светските натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот