Унгарска компанија ја преземаат соларната централа Требиње

Требиње/ Фото МИА.мк

Унгарската компанија „Лугос Рењуаблс“ наскоро ќе ја преземе сопственоста на соларната централа Требиње 1, откако Советот за конкуренција на БиХ даде зелено светло за оваа аквизиција, објави Кликс.ба.

Известувањето за концентрација е доставено на почетокот на минатата година од стопанските субјекти Мјешовити Холдинг Електропривреда РС, Матична компанија а.д. Требиње и Лугос Рењуаблс Карлатолт Фелелосегу Тарсасаг Република Унгарија.

Со апликацијата, унгарската компанија се стекнува со мнозински удел во основната главнина на деловниот субјект Соларна фотоволтаична централа Требиње 1. Советот за конкуренција ја одобри оваа аквизиција на крајот на минатата година, а одлуката беше донесена вчера во Службен весник на Босна и Херцеговина.

Оваа соларна централа, која треба да се гради во околината на Требиње, вреди повеќе од 50 милиони евра и ќе биде најголема во Босна и Херцеговина. Медиумите претходно пишуваа дека Унгарци ќе бидат сопственици на 70 отсто од акциите во компанијата „Соларна Електрана Требиње 1“, како и на концесијата, која првично и беше доделена на „Електропривреда РС“, пишува порталот Бизнис инфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот