Унгарија ослободи 777 странци осудени за шверц на мигранти, многу скапо е да лежат по затвори

Фото: Rawpixel / CC0 / public domain

Унгарија во последните недели ослободила 777 странци, главно српски, романски и украински државјани, осудени за трговија со луѓе, соопштија властите.

Според нив, зад решетки има 2.636 луѓе осудени за трговија со мигранти, од кои 808 се странски државјани кои подлежат на ослободување.

„Одржувањето на странските државјани кои отслужуваат казни во унгарските затвори чини милијарди форинти секоја година“, соопшти канцеларијата за издржување казни .

Оттаму додаваат дека ослободените имаат 72 часа да ја напуштат територијата на Унгарија од моментот кога ќе бидат ослободени, во спротивно доколку бидат фатени од унгарската полиција, ќе бидат вратени во затвор и ќе ја отслужат целата казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот