Унгарците потврдија, крај на ракометната сезона без шампион

twitter.com/telekomveszprem

Донесена е одлука сите шампионати и купови во оваа земја да бидат завршени без конечен пласман, воедно без промоција на нови клубови, но и без испаѓање.

Голем број на спортски натпреварувања се прекинати, одложени поради пандемијата на коронавирусот, а помеѓу нив и ракометните национални шампионати.

Денеска официјално унгарската ракометна федерација поради коронавирусот прогласи крај на сезоната во шампионатот без прогласување на шампион.

Значи донесена е одлука сите шампионати и купови во оваа земја да бидат завршени без конечен пласман, воедно без промоција на нови клубови, но и без испаѓање.

Учеството на унгарските клубови во европските купови ќе се базира врз пласманот од натпреварувачката сезона 2018/19.

До прекинот на сезоната Пик Сегед и Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков се наоѓа на првото место со по 38 бодови.

Сега останува прашањето дали овој пример ќе го следат и останатите ракометни федерации..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот