Манасков им помагаше на вработените во маркет! (ФОТО)

фото: фејсбук

Во овие тешки времиња, играчите на Веспрем им помогнаа на вработените во маркетот да ги пополнат празниците полици со производи.

Во текот на вчерашниот ден, поточно во вечерните часови, унгарскиот ракометен клуб Веспрем им помагаше на вработените во маркетот „Интерспар“.

Помеѓу играчите секако и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој се придружи во акцијата во овие тешки времиња.

Со одржување на сите можни мерки на безбедност, ракометарите помогнаа несебично.

фото: фејсбук

Заради огромната потрошувачка, полиците во хипер и супермаркетите не можат доволно и на време да бидат исполнети.

Воедно од РК Веспрем побараа од луѓето да не одат никаде и да останат дома со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Како што е веќе познато прекината е сезоната во унгарското првенство, како и мечевите во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот