УНЕСКО ја впиша сончевата опсерваторија Чанкиљо во Перу во списокот на светско наследство

УНЕСКО ја впиша во списокот на светско наследство сончевата опсерваторија Чанкиљо во Перу, која е стара 2.300 години и се наоѓа на 400 километри северно од главниот град Лима, на врвот од еден рид.

  • Структурата со 13 камени кули се користела како сончев календар од засега непозната цивилизација, скоро две илјадалетија пред појавата на друг добро познат сончев култ – оној на Инките. Кулите тука со исклучителна точност ја обележуваат зимската и летната краткоденица, како и пролетната и есенската рамноденица.

И катедрала со манастир во Мексико беше вклучена во листата на светското наследство на УНЕСКО. Комплексот го користеле првите францискански мисионери. Комплексот е еден од многуте такви слични манастири на падините на вулканот Попокатепетл, веќе запишан на листата на УНЕСКО. Зданието вклучува многу уникатни архитектонски елементи на Новиот Свет, комбинирани со шпанскиот стил „Мудехар”, којшто пак, има влијанија на исламската архитектура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот