Украинците „Калуш оркестра“ поставија ултиматум да се „исчисти сцената“ од Руси, од Егзит одбија

„Калуш оркестра“/ Нина Кравиц/Фото: Твитер/Инстаграм

Победниците на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, украинскиот „Калуш оркестра“, кои би требало да настапат на затворањето на фестивалот „Си Стар“ на 28 август во Буљарица, побараа од организаторите на настанот да го откажат настапот на Русинката Нина Кравиц, која, исто така треба, да настапи таа вечер на истата сцена, пишува „Новости“.

„Калуш оркестра“ на својот официјален инстаграм-профил ги повика фановите да го поддржат „чистењето на сцената“, а од „Си фестивал“ очекуваат откажување на настапите на изведувачите од Русија, јасно алудирајќи на една од најголемите ѕвезди на електронската музика, Нина Кравиц, објави „Си денс“.

Фото: Инстаграм

„Поздрав до сите. Требаше да настапиме на еден фестивал, но ставија некоја руска пејачка и тоа е катастрофа. Веќе му пишавме на организаторот да ја отстранат. Ако не успее, тогаш, се разбира, нема ниту да настапуваме таму. И сакаме да ве замолиме сите заедно да напишеме таа да замине оттаму и дека таму настапува само нормална екипа. Сите пишуваме тука“, порачале од „Калуш оркестар“ во видеото објавено на официјалниот инстаграм-профил и ги упатиле обожавателите на инстаграм-профилот на фестивалот „Си денс“.

„Егзит тимот“ кој стои зад организацијата на „Си денс“, што ќе се одржи од 26 до 28 август на плажата Буљарица, му одговори на „Калуш оркестра“, нагласувајќи дека ја „осудуваат војната во Украина, но дека никогаш нема да ги откажат изведувачите поради нивната нација, раса или религија“. Потсетувајќи дека мисијата на фестивалот, како и сите настани на „Егзит“, е промоција на мирот, заедништвото, љубовта, мултикултурализмот и соработката.

– Силно сочувствуваме со сите жртви на војната во Украина, но откажувањето на настапот на кој било изведувач исклучиво врз основа на националност, раса или религија, е спротивно на вредностите за кои се залага „Си денс“. Остро ја осудуваме руската инвазија на Украина, како и употребата на вооружена сила и воени настани насекаде во светот. Нашата намера да го угостиме украинскиот „Калуш оркестра“ на фестивалот „Си денс“ беше изразена уште пред нивната победа на Евровизија, бидејќи сакавме да ги поддржиме украинските уметници во тешкиот момент за таа земја. За тоа сведочи и фактот што фестивалот на „Егзит“ – „Си Стар“ во Умаг беше првиот во светот на кој настапија по победата на Евровизија.

Организаторите уште еднаш нагласија дека дискриминацијата на која било личност и уметник поради нивната националност, религија или раса е целосно неприфатлива и дека откажувањето на настапот на изведувачот, само затоа што доаѓа од одредена земја, не е начин да се постигне мир, туку точно спротивно – патот до натамошни поделби, ескалација на омразата и продлабочување на конфликтот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brunch -In Barcelona (@brunchbcn)


– Нина Кравиц е една од најголемите ѕвезди на електронската музика и долгогодишен соработник на нашите фестивали и знаеме дека нејзиниот став не е на страната на војната и страдањето, туку на страната на мирот. Настапите на „Калуш оркестар“ и Нина Кравиц на фестивалот „Си денс“ се шанса заеднички да се испрати силна порака за мир. Тоа е единствената порака што сакаме да ја испратиме до целиот свет, бидејќи музиката има моќ да обедини и да „мобилизира“ многу повеќе луѓе од која било вооружена сила – истакнаа организаторите.

„Калуш Оркестра“ го продаде трофејот од Евровизија за 900 илјади долари: Ќе набавиме беспилотни летала за украинската војска

Украина нема да биде домаќин на Евровизија: Музичкото натпреварување во 2023 година ќе се одржи во оваа земја

Калуш Оркестра објави: Одиме на турнеја за да собереме пари за Украина, а ќе го продадеме и пехарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот