Украина нема да биде домаќин на Евровизија: Музичкото натпреварување во 2023 година ќе се одржи во оваа земја

украина евровизија
Украина се годинашните победници на 66. издание на Евровизија / EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Потврдено е дека Изборот за песна на Евровизија во 2023 година ќе се одржи во Велика Британија. Организаторите одлучија дека настанот не може да се одржи во земјата чии претставници победија, Украина, поради тековната војна по руската инвазија.

blockquote>Велика Британија беше втора на овогодинешниот натпревар, па Европската радиодифузна унија ги отвори преговорите со Би-Би-Си.

Се уште не е познато кој град ќе биде домаќин, но се размислува за градови како Глазгов и Манчестер. Во игра би можеле да бидат и Ливерпул, Њукасл, Бирмингем, Абердин, Лондон, Брајтон, Белфаст и Кардиф.


Велика Британија има голем број места со соодветни арени, сместување и меѓународни транспортни врски.

Да потсетиме, на Евросонг во Торино убедлива победа извојува музичката група „Калуш оркестар“ од Украина со песната „Стефанија“. Велика Британија ја претставуваше Сем Рајдер, кој беше многу популарен на социјалната мрежа „Тик Ток“ и го освои второто место во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот