УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети

Кам маркет/ Фото: Фејсбук

Од УЈП потенцираат дека контролиtе се прават во сите маркети, без селекција.

Завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник, информираа од УЈП.

„Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти пресметувале 5% ДДВ за основните производи за храна, иако данокот е привремено нула“, велат од УЈП.

Дел од маркетите продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност.

Од УЈП потенцираат дека контролите се прават во сите маркети, без селекција.

– УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на Законите и за заштита на стандардот на граѓаните. Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Северна Македонија – соопштија од УЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот