УЕФА: Ван Дајк е играч на годината, Меси најдобар напаѓач

twitter.com/LFC

На свечена церемонија во Монако каде што беа и извлечени групите за новата сезона во  Лигата на шампионите, големата аргентинска sвезда на Барселона, Лионел Меси ја освои наградата на УЕФА за најдобар напаѓач во текот на минатата сезона.

Лео постигна 12 голови и запиша пет асистенции во минатата сезона во Лигата на шампионите.

– Се обидувам постојано да го подигам своето ниво. Тоа е мојата цел – рече Лионел Меси.

Френки де Јонг ја освои наградата за најдобар играч од средниот ред на наградите на УЕФА за сезоната 2018/19.

Младиот фудбалер настапи одлично со екипата на Ајакс во Лигата на шампионите, каде му помогна на својот тим да стигне до полуфиналето и во Холандското првенство каде клубот се закити со шампионската титула.

– Мислам дека тоа беше неверојатно патување. Како го сторивме тоа? Не знам. Имавме добар план, имавме многу паметни играчи. Кога ги комбинирате овие работи, тоа очигледно функционира – рече Де Јонг.

Потоа, членот на Ливерпул Алисон Бекер е избран за најдобар голман, а неговиот тимски колега Вирџин ван Дајк беше прогласен за најдобар дефанзивец.

– Тоа беше заслужена победа (финалето на ЛШ). Сепак, се започнува од почеток и сакаме да го одбраниме трофејот. Ќе биде исклучително комплексно, бидејќи има многу квалитетни тимови со кои ќе мора да се натпреваруваме. Истанбул е убав град и се надевам дека ќе стигнеме таму повторно за да се бориме за наградата – изјави ван Дајк.

Освен таквото признание, холандскиот интернационалец освои уште една престижна награда. Испишувајќи историја како прв дефанзивец кој ја добива наградата за играч на годината и тоа во конкуренција на Лионел Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Јувентус).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот