УЕФА: Одлуката на судот не значи одобрување на Суперлигата

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Европската фудбалска унија (УЕФА) се огласи по одлуката на Европскиот суд на правдата за формирање на „Суперлига“.

– Оваа одлука не значи одобрување или потврдување на таканаречената „Суперлига“. Тоа само го нагласува историскиот недостаток во рамката за претходно овластување на УЕФА, технички аспект веќе признаен и разгледан во јуни 2022 година. УЕФА останува одлучна во својата посветеност да ја поддржи европската фудбалска пирамида, обезбедувајќи таа да продолжи да им служи на пошироките интереси на општеството – пишува УЕФА.

Потоа, од европската куќа на фудбалот објаснуваат кој е планот:

– Ќе продолжиме да го обликуваме европскиот спортски модел заедно со националните федерации, лиги, клубови, навивачи, играчи, тренери, институции на ЕУ, влади и партнери. Веруваме дека европската фудбалска пирамида заснована на солидарност, која навивачите и сите актери ја прогласија за нејзин незаменлив модел, ќе биде заштитена од заканата за отцепување со европските и националните закони – стои во пораката на УЕФА.

Концептот на Суперлигата сè уште не е целосно дефиниран, но шпанските медиуми „Марка“ и „Мундо Депортиво“ објавија некои детали.

„Марка“ пишува дека планот е Суперлигата да биде отворена, што го кажа и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а во неа да играат 60 клубови во различни рангови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот