Суперлигата го доби спорот против УЕФА и ФИФА на суд: Натпреварувањето на богатите може да се формира без пречки

фото: EPA-EFE/MARISCAL

Судот во Луксембург даде зелено светло на идејата за создавање на ново фудбалско клупско натпреварување. Европскиот суд на правдата во Луксембург донесе одлука во врска со спорот меѓу Суперлигата и УЕФА и ФИФА, а е во корист на Суперлигата која може да се формира и да се организира како натпреварување на најбогатите клубови.

Новото натпреварување беше формирано во април 2021 година од 12 клубови: Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Манчестер сити, Челси, Тотенхем, Интер, Милан.

По лавината критики од навивачите и нивните протести, голем дел од клубовите се откажаа од проектот (останаа само Реал и Барса), ваквата идеја беше запрена со експресна реакција на европската куќа на фудбалот, со помош на ФИФА.

Извршниот директор на компанијата А22, која ги застапува интересите на Суперлигата, Бернд Рајхарт веднаш ја објави оваа вест, посочувајќи дека фудбалот станал слободен.

– Добивме право да се натпреваруваме. На монополот на УЕФА му дојде крајот. Фудбалот е слободен. Клубовите сега се ослободени од закани и слободни сами да одлучуваат за својата иднина. Им предлагаме на навивачите: Гледајте ги сите натпревари од Суперлигата бесплатно! Им порачуваме на клубовите: приходите и трошоците за солидарност ќе бидат загарантирани – вели Рајхарт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот