Учениците во Тетово ќе чекаат полицијата да ги провери училиштата за бомби, па ќе се враќаат на час
Откако деновиве имаше лажни дојави за бомби во училиштата во Тетово, што ја прекина наставата, а учениците беа испратени дома, од Општина Тетово објавија нови насоки за училиштата доколку дојавите продолжат. Во таков случај, учениците ќе се враќаат на настава откако полицијата ќе го провери нивното училиште и ќе утврди дека бомба немало.
Препорачано
Назми Даути од Секторот за јавни дејности во Општина Тетово денеска рече дека наставата повеќе нема автоматски да се откажува на денот на кој ќе стигне дојава за поставена бомба. Учениците ќе мора да чекаат пред училиштата додека полицајците го проверуваат училиштето, по што ќе продолжуваат со часовите.
Општината побара пред училиштата да има повеќе полиција и брзо да се најдат лажните дојавувачи.
„Бидејќи овие два дена децата не се враќаат во училиштето, нема потреба за паника. Денес во попладневната смена образовниот процес ќе продолжи“, рече Даути, додавајќи дека општината е во постојана комуникација со директорите и сите релевантни институции, но засега нема информации за тоа кој би можел да стои зад лажните дојави.
Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – евакуирани се учениците и вработените
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
23мин
-
43мин
-
56мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


