УБИСТВО СРЕД БЕЛ ДЕН: Бездомничка барала пари од минувач, а тој ладнокрвно ја ЗАСТРЕЛАЛ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Бездомничката Зилда Енрике дос Сантос Леандро (31) од Рио де Жанеиро брутално била убиена неколку секунди откако на улица запрела маж и од него барала пари за да купи леб.

Убиството било фатено од надзорните камери.

Како што се гледа, Зилда идела по средината на улицата и пробала да го привлече вниманието на Адербал Рамос де Кастро. Тој прво ја игнорирал, се додека таа не му се приближила, по што Кастро извадил пиштол и ладнокрвно ја застрелал.

Убиецот побегнал, а Зилда била одведена во болница, каде подоцна била прогласена мртва.

Кастро подоцна бил уапсен и се наоѓа во притвор. Неговиот адвокат рекол дека неговиот клиент мислел дека девојката сака да го ограби.

Убиството се случило само неколку часа пред да се случи уште еден напад на бездомници. Четири луѓе настрадале во Сао Паоло откако испиле „сомнителна течност“.

Полиција тој случај го истражува како можно масовно труење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот