Убиецот на Џон Ленон јавно ѝ се извини на Јоко Оно: Го направив тоа поради славата!

Убиецот на Џон Ленон ѝ се извини на вдовицата Јоко Оно, велејќи дека тоа што го сторил е одвратно и заслужува смртна казна или доживотен затвор.

На Марк Дејвид Чепмен му беше одбиена условната слобода на сослушувањето во Њујорк. Според записникот, официјалните лица го одбиле барањето за ослободување затоа што тоа би било „некомпатибилно со благосостојбата на општеството“, пишува Би-Би-Си.

Во декември 1980 година, кога имал 25 години, Чепмен пукал четири пати во Менхетен кон пејачот и фронтменот на познатите „Битлси“, покрај кого била Јоко Оно.

„Сакам да повторам дека жалам за она што го направив. Нема оправдување. Јас го направив тоа заради слава. Мислам дека ова е најлошото злосторство што може да се направи на некој што е целосно невин“ рекол Чепмен и додал:

Прочитајте и...  ВИДЕО: Селин Дион ја доби својата прва филмска улога

„Сакам да истакнам дека тоа беше многу себичен чин. Тој беше исклучително познат. Не го убив поради неговиот карактер или каков човек беше. Тој беше икона. Тој беше семеен човек. Имаше некој што зборуваше за работите за кои смее дозволено да зборуваме денес. Единствената причина што го направив тоа беше затоа што сакав слава за себе. Жал ми е за болката што ѝ ја предизвикав на сопруга (Јоко Оно). Мислам на тоа цело време“ рекол сторителот.

Убиецот на Ленон ја носел книгата на Селинџер „Ловец во жито“ кога го извршил злосторството.

Зборувајќи за тоа, тој изјави дека се консултирал со главниот лик кој бил „изолиран“ и „осамен“.

Тој продолжи да зборува дека заслужува смртна казна, која беше укината во државата Њујорк во 2007 година, а ниту една не е спроведена од 1963 година.

„Кога свесно планирате нечие убиство и знаете дека тоа не е во ред и го правите тоа за себе, тоа, според мое мислење, заслужува смртна казна“ рекол Чепмен.

„Некои луѓе не се согласуваат со мене, но секој добива втора шанса. Ако законот и вие одлучите да ме оставите овде за цел живот, нема да се жалам“.

Поврзани вести

Три хороскопски знаци студени како мраз: Ќе ви го скршат срцето без размислување

Слободен печат

Броиме калории: Дали ајварот ќе ве здебели?

Слободен Печат

Научник намерно се заразил со корона по вторпат: Ги проучил антителата, а заклучокот не е многу оптимистичен

Слободен печат

Како старата правосмукалка да ја претворите во нова: Потребен ви е само картонот од кујнските бришачи!

Слободен Печат

ВИДЕО: Општа тепачка на летот за Порторико: Жена предизвика тепачка поради кавга околу заштитните маски

Слободен печат

Никол Португалски провоцира: Дали пораките и фотографиите од нејзиниот Инстаграм се упатени кон Бред Пит?

Слободен Печат

Остави Коментар