Убаво мириса и лечи: Сите го користиме ова растение, а малкумина знаат дека е ефикасно за алергии на домашна прашина
Ароматичните листови од нане содржат есенцијални масла, танини, холин, пектин, скроб, горчиви материи, трипофан, како и ментол, ментофуран, изоментон, ментил ацетат, лимонен…
Препорачано
Ова лековито растение има антисептично, аналгетско, антибактериско, антивирусно и смирувачко дејство и иако на нашите простори најчесто се користи за проблеми со стомакот, исто така е корисно за респираторни заболувања!
Покажува одлични резултати во санирање на алергии, особено оние на домашна прашина.
Фитотерапевтите велат дека нането позитивно влијае на зајакнување на имунитетот, ја забрзува циркулацијата и го чисти крвотокот, а исто така е ефикасно за ревматизам, треска, ноќно потење и мигрена.
Состојки:
- Две супени лажици суви листови нане
- Литар вода
Подготовка и примена:
Оставете ја водата за зоврие, потоа тргнете го садот од оган и истурете ја зовриената вода над исушените лисја од нане. Задолжително покријте го садот и оставете да отстои пет минути.
Можете да го комбинирате со лимон, а избегнувајте да ставате шеќер во чајот. Потоа само процедете и уживајте во прекрасниот чај од нане.
Оваа терапија трае седум дена. Потоа правите пауза од седум дена доколку сакате да ја повторите терапијата.


