Турција полиција / фото: Профимедиа

Уапсени 324 луѓе во Турција, се сомничат за поврзаност со Исламска држава

Турските власти уапсија 324 луѓе осомничени за поврзаност со терористичката организација Исламска држава (ИД) во голема операција спроведена низ целата земја, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Лос Анџелес Тајмс.

Во соопштението се наведува дека апсењата биле извршени во 47 провинции, а меѓу приведените има лица осомничени за финансирање на ИД, како и поединци за кои се смета дека претходно биле активни во редовите на оваа организација.

„За мирот, единството и солидарноста на нашата нација, ги продолжуваме операциите неуморно, дење и ноќе, 365 дена во годината“, се наведува во соопштението на министерството.

Засега не се објавени детали за државјанството на уапсените.

Турција и претходно спроведуваше слични акции против припадници на Исламската држава, која во земјата изврши повеќе смртоносни напади, меѓу кои и нападот во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул за време на новогодишната ноќ во 2017 година, кога беа убиени 39 лица.

Во декември минатата година дојде до вооружен судир меѓу припадници на ИД и полицијата во северозападна Турција, при што загинаа тројца полицајци и шест екстремисти.

Минатиот месец тројца напаѓачи отворија оган врз полицијата пред зградата во која се наоѓа конзулатот на Израел во Истанбул, по што следуваше вооружена пресметка во која еден од напаѓачите беше убиен.

Широка акција во Турција насочена кон припадници на Исламска држава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот