Широка акција во Турција насочена кон припадници на Исламска држава
Турските власти денес објавија дека спровеле воени операции низ целата земја против терористичката организација Исламска држава.
Препорачано
Во соопштението се вели дека за време на операцијата, која е спроведена еден ден откако тројца вооружени напаѓачи отвориле оган врз турската полиција пред израелскиот конзулат во Истанбул, биле приведени околу 200 осомничени, пренесува Ројтерс.
Турскиот министер за правда Акин Гурлек во објава на својот профил „X“ потврди дека против осомничените се покренати судски постапки и дека операциите против терористичката група ИСИС ќе бидат „внимателно продолжени“.
ВИДЕО | Пукање пред израелскиот конзулат во Истанбул, има загинати
Официјална Анкара сè уште не ја именуваше групата за која смета дека е одговорна за нападот врз турската полиција пред израелскиот конзулат во Истанбул, во кој еден напаѓач беше убиен, а двајца беа ранети.
Пукањето се случи во вторникoт попладне во населбата Бешикташ, кога тројца вооружени напаѓачи, за кои се вели дека имаат врски со Исламската држава, се судрија со полицијата пред зградата во која се наоѓа израелскиот конзулат, објави НТВ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


