Уапсени 15 луѓе во Сараево – фалсификувале полагања за возачки испит, во шемата вмешан и заменик-министер
Обвинителството на Кантонот Сараево објави дека под истрага се неколку членови на Комисијата, помошникот-министер за образование, кој е задолжен за сообраќај и сопственикот на автошкола во Сараево.
Во полициска акција во Сараево уапсени се 15 луѓе поради разработена шема во која се фалсификувале полагањата на испити за возачки дозволи. Во тек се претреси на повеќе од 15 локации, пренесуваат босанските медиуми.
Препорачано
„Во рамките на операцијата со кодно име „Абстерго“ во Босна и Херцеговина, досега се уапсени 15 лица. Една од целите на акцијата е заменик-министер за транспорт и образование во Министерството за образование на КС, а претресот се спроведува и во просториите на Министерството“, изјави претходно Азра Бавчиќ, портпаролка на Обвинителството на КС.
Обвинителството на Кантонот Сараево објави дека под истрага се неколку членови на Комисијата, помошникот-министер за образование, кој е задолжен за сообраќај и сопственикот на автошкола во Сараево.
Обвинителството сè уште не ги објави деталите за акцијата, а не е познато од колку кандидати осомничените земале мито за да го положат возачкиот испит. На акцијата ѝ претходеше неколкумесечно следење на сомнителните активности на уапсените лица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
10мин
-
12мин
-
13мин
-
14мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


