Уапсен жител на гостиварско Врапчиште, чувал оружје без документи

Фото: СВР Тетово

Вчера околу 16.00 часот во с.Калиште, општина Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(47) од с.Калиште.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Сухл“ калибар 12мм со 23 патрони калибар 12 мм и ловечка пушка-пумпарица без потребните документи. Ф.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот