Уапсен скопјанец кој се барал со потерница

Полициски службеници денеска уапсија скопјанец за издржување казна затвор од една година и шест месеци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Околу 9 часот на улицата „Јани Лукровски” во Скопје денеска полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Б.А.(27) од с.Брест, со престојувалиште во с.Брњарци. Тој бил баран со судска наредба за издржување казна затвор од една година и шест месеци, посочуваат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Полицијата уапси банда од Виница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот