Уапсен израелски војник поради заканувачки пораки кон Нетанјаху

Нетанјаху / Фото Архива

Израелската полиција уапси 21-годишен маж, осомничен дека на социјалните мрежи поставувал заканувачки пораки против премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Осомничениот е војник, кој меѓу другото напишал дека „постои решение, а тоа е да се собори Биби (прекарот на Нетанјаху)”.

– Тоа се случи и претходно со премиерот кој е неправедно соборен, но сега имаме премиер кој ги соборува сопствените граѓани. Веројатно тоа ќе се повтори и оправдано ќе се случи, а полицијата која е негов слуга треба да биде каменувана до смрт. Тоа е решението – се наведува во заканувачката порака, пренесена од израелските медиуми, во која се алудира на убиството на некогашниот израелски премиер Јицак Рабин во 1995 година.

Нетанјаху неодамна пријави во полиција закани со смрт упатени кон него и неговото семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот