Уапсен германски политичар, во неговиот дом најдени нацистички симболи

Даниел Халемба / Фото PETER KNEFFEL / AFP / Profimedia

Германски политичар е уапсен поради наводно прикажување нацистички симболи, откако „Sieg Heil“ редовно се слушало од седиштето на движењето на кое му припаѓал. Даниел Халемба (22) од партијата Алтернатива за Германија (АфД), беше избран во баварскиот парламент претходно овој месец.

Полицијата извршила рација во просториите на студентското движење Теутонија Праг и пронашла голем број нацистички симболи. Халемба бил уапсен неколку часа пред да добие имунитет како пратеник, пренесува Би-Би-Си. Тој е еден од 32-та членови на АфД избрани во најдобриот изборен резултат на екстремната десница досега во Баварија, каде што сега е најголемата опозициска партија во државата.

Полицијата во Вирцбург минатиот месец изврши рација во просториите на движењето на Халемба, откако соседите се пожалија дека слушаат извици „Sieg Heil“ од внатре. Полицајците рекоа дека конфискувале забранет материјал и дека рацијата „ги потврдила наводите [наведени од соседите]“.

Фразата се сметала за клучен нацистички слоган и е забранета во Германија. Полицијата издаде налог за апсење во петокот, а Халемба бил пронајден во близина на Штутгарт, во покраината Баден-Виртемберг, во понеделникот наутро.

Обвинителите стравуваат дека тој може да побегне, бидејќи тој бил во бегство од 26 октомври. Тој е под истрага поради сомнение за бунт и поседување забранети симболи. Во Германија, нацистичката иконографија е забранета. Властите, исто така, го обвинуваат за дослух или потиснување докази, бидејќи се обидувал да влијае врз другите членови на движењето да ги променат нивните изјави.

„Тие сакаат да ме уапсат користејќи тотално незаконски налог за апсење“, рече Халемба во видеото објавено на социјалните мрежи пред неговото апсење.

Неговиот адвокат Дубравко Мандиќ рече дека наводите против неговиот клиент „немаат вистина“. Катрин Ебнер-Штајнер, лидерот на АфД во баварскиот парламент, го осуди, како што го нарече, „политички мотивирано“ обвинителство. АфД имаше рекордно високи изборни резултати во последните месеци. Антиимиграциската партија беше трета на изборите во Баварија овој месец и втора во покраината Хесен. Партијата сега редовно е втора на национално ниво. Следните сојузни избори во Германија треба да се одржат во 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот