У18: Селекторот Јелена Антиќ го објави поширокиот список за Европското првенство дивизија Б

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години ќе учествува на Европското Првенство дивизија Б, кое годинава од 30 јуни до 9 јули ќе се одржи во Софија, Бугарија.
Селекторот Јелена Антиќ го објави поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во подготвителниот период.
Селективните тренинзи, ќе се одвиваат во Скопје, во Кале (голема и во мала сала). Првиот тренинг е закажан за 29 мај (понеделник) со почеток во 09.30 часот.
Потсетување дека на ЕП ќе игра во групата „А“ заедно со Хрватска, Холандија, Данска и Исланд.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ
Марија Николов – Баскет Кам 2011
Ана Милованова – Баскет Кам 2011
Мила Ѓуковиќ – Баскет Кам 2011
Милица Николиќ – Torrelodones, Шпанија
Ања Начевска – Вардар
Мартина Џангаровска – Вардар
Михаела Алексовска – Крива Паланка
Ксенија Петревска – Крива Паланка
Божица Стоевска – Крива Паланка
Климентина Модева – Струга 2009
Евгенија Танаскоска – Michigan Magic AAU, САД
Јована Димковска – Бадел 1862
Зара Стојковска – Бадел 1862
Ана Ангеловска – Патриот 2016
Белма Дечковиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Ива Дојчинова – Тим Арена
Сара Ѓорѓиеска – ГКК Охрид
Љубица Бошкова – Јанбор
Анастасија Тодорова – Јанбор
Ангела Анѓелеска – Вардар
Деа Хоџа – Шкупи
Мила Ќолчевска – Пробаскет Кавадарци
Ана Иветиќ – Тим Арена
Матеа Митева – Тим Арена
Ана Ѓорѓиевска – Тетова Булс