У17: Убедлив пораз на Македонија на стартот од квалификациите за ЕП 2023

Македонија У17 со три порази ги заврши евроквалификациите/фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 17 години забележа пораз со 3:0 од соодветната селекција на Исланд во рамките на првото коло од квалификацискиот натпревар за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” – Скопје, Исланд одигра одличен натпревар, успеа да ги искористи нашите грешки во одбраната и да забележи многу значајна победа во борбата за пласман во елитната рунда на квалификации.

Стрелец на два погодоци за репрезентацијата на Исланд беше Гудјонсен. Кјатарсон во 25 минута од натпреварот го отвори резултатот. Шест минути подоцна Гудјонсен погоди за зголемување на предноста на 2:0.

На почетокот на второто полувреме, Гудјохнсен со својот втор гол ги постави конечните 3:0. Во вториот меч од групата „9“, Франција ја оправда фаворитската улога и славеше убедлива победа со 4:0 над Луксембург.

Македонија: Вргов, Мемиши, Мелиќи, Јовановиќ, Велков, Димитријевски, Љубевски, Манојлов, Елмас, Алији, Ајетовиќ.

Резерви: Али, Алиу, Дејановски, Хаџибулиќ, Коцев, Младеновски, Подрграѓа, Сековски, Стојковски. Селектор: Вујадин Станојковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот