У17: Триумф над Лихтенштајн, Саитоски двоен стрелец

Македонските фудбалски надежи се во групата со Р. Ирска, Полска и Андора/Фото: ffm.mk

Во последниот трет натпревар од првата фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство, денеска македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години славеше против Лихтенштајн со резултат 4:0.

Во победата придонесоа Саитоски кој двапати се запиша во листата на стрелците (50, 89 минута), а по еднаш Таипи (36) и Фета (45+3).

На табелата во групата 1 Белгија заврши првопласирана со седум бодови (17:3, гол разлика), колку и Полска на втората позиција (16:4).

На третото место се најде Македонија со три бодови (7:6), а на последната четврта позиција заврши Лихтенштајн (0).

Белгија и Полска директно се пласираа во втората фаза од квалификациите, а потсетување дека и четирите најдобри третопласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат настап во следната фаза.

На таа мини-табела моментно води нашата селекција со гол разлика 7:6 со три бода, колку и Словенија (2:1) која има меч помалку, потоа Босна и Херцеговина (5:6) и Литванија (7:11). Во овој месец треба да се одиграат турнири уште во девет квалификациски групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот