Фото: Профимедиа

Турското Министерство за правда планира да развие системи за препораки базирани на вештачка интелигенција

Турското Министерство за правда планира да развие системи за препораки базирани на вештачка интелигенција (ВИ), како дел од модернизацијата на судскиот систем, што ќе служи како поддршка за судиите и обвинителите во процесот на донесување одлуки, според „Годишната претседателска програма за 2026 година“.

Како што објави агенцијата Анадолу, целта е да се зајакне дигиталната инфраструктура на судството, да се подобри ефикасноста на судските процеси и да се зголеми довербата на граѓаните во системот. Новиот софтвер за Судскиот информациски систем (UYAP) ќе биде завршен и усогласен со современите технологии и стандардите за сајбер безбедност.

Надлежното министерство, покрај воведувањето на решенија за вештачка интелигенција, ќе спроведе студии за етичките и правните рамки на нивната примена, додека вештачката интелигенција ќе се користи и во форензичките услуги.

Како дел од реформата, дисциплинските постапки против судии и обвинители ќе бидат ревидирани за да се зајакне независноста и транспарентноста на судството.

Сите одлуки во дисциплинските процеси ќе бидат достапни во рамките на заштитата на личните податоци, а ќе бидат земени предвид и претходните одлуки што поставиле преседан, објавува Танјуг- пренесе Политика.

Програмата предвидува и зголемување на ефикасноста на системот за вештачење, преку обука и стандардизација на услугите, како и проширување на практиката на приватно вештачење. Ќе бидат развиени и алтернативни методи за решавање на спорови за да се намали товарот врз судовите и да се забрза решавањето на случаите, а воедно ќе продолжат кампањите за подигање на свеста за важноста на доброволната медијација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот