ТУРСКИ И МАКЕДОНСКИ АКТЕРИ ВО АКЦИЈА: Се снима филмот „Најтешкото нешто“ (ФОТО)

турски филм мк

Деновиве на локации во Битола и Скопје се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „НАЈТЕШКОТО НЕШТО”, во режија на познатиот турски режисер Сердар Акар а во продукција на Сектор Филм од Скопје во кој играат турски актерски ѕвезди.

На локации во Битола, нејзината околината како и во Скопје, од 28 јули годинава се одвива снимањето на филмот со работен наслов „Најтешкото нешто” во режија на познатиот турски режисер Сердар Акар. Станува збор за прв македонски филм снимен на турски јазик. Кастингот во оваа современа филмска приказна го сочинуваат турски актерски ѕвезди и познати и успешни македонски македонски актери.

Сценариото е на Оливер Ромевски, познат по романите со интригантни трилер и криминалистички приказни.

Режисерот Сердар Акар, меѓу останатото ги потпиша сериите со голема гледаност „Долина на Волците”, „Збогум Румелија”, „Бехзат Ч.”,  како и филмовите  Татковина”, „Долина на Волците: Ирак”, „На Бродот”.

бедија бегова халил ибрахим

Во главните улоги се турските актерски ѕвезди: Ердал Бешикчиоглу во чија филмографија се впишуваат и главна улога во култната серија „Бехзат Ч.”, во филмот „Мед” што беше добитник на „Златна мечка” на Берлинскиот филмски фестивал и многу други; Белчим Билгин позната по филмовите „Сонот на пеперутката”, „Љубовта ги сака случајностите”, „Сезона на носорогот” серијата „Сети се сакана”; нашиот актер Ертан Шабан кој се прослави во Турција, Халил Ерѓун, познат на нашите гледачи како Али Риза од серијата „Кога лисјата паѓаат “ и наши познати и успешни актери и актерки: Луран Ахмети, Бедиа Бегова, Сара Климоска, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Дениз Абдула, Ивана Павлаковиќ, Ерман Шабан, Неат Али, Осман Али и многу други.

Кинематографер на филмот е Дејан Димески (добитник на Сребрена камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки”), костимограф е Емилија И. Атанасовска, сценографијата е на Кирил Спасески.

филм

Продуцентите на филмот Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор Филм, го реализираат проектoт како македонско-турска копродукција во соработка со турската продуцентска куќа Ен-Те-Џе Медиа (NTC Medya). Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Дејствието на филмот кое се одвива во актиелно време, прикажува неколку испреплетени животни судбини чии патишта се вкрстуваат во определен миг.

филм турски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот