Туристите решија: Ова се најдобрите дестинации во светот!

дубаи
Фото: Pexels

Познатиот сајт со информации за патувања низ светот „TripAdvisor“ ја објави листата на омилената дестинација во светот за 2022 година.

Меѓу десетте најдобри дестинации во светот кои туристите сакаат да ги посетат во 2022 година доминират и бројни европски градови, но и тропски места.

На врвот на листата е најголемиот и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати, Дубаи.

„Дубаи е модерен град кој има прекрасни плажи, ресторани од светски ранг и прекрасни хотели. Бидејќи изборот на најпопуларните дестинации е направен според прегледите на корисниците за своите идни патувања, престој и активности кои се популарни за истите, па според тоа и се избираат најдобро рангираните, ова значи дека дестинацијата добила одлични критики од патниците во сите туристички сектори“, велат од „TripAdvisor“.

Се чини дека пандемијата сепак не ги спречи луѓето да патуваат, па Дубаи продолжува да привлекува туристи од целиот свет.

На листата се Лондон, Канкун, Бали, Крит, Рим, Кабо Сан Лукас, Истанбул, Париз и Хургада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот